Аpple денеска во Сан Франциско го претстави новиот iPad. Oва е трета генерација таблет компјутери за две години од компанијата од Купертино кои го освоија светот, продавајќи се во десетици милиони примероци, додека конкуренцијата збунето се обидува да претстави барем нешто доволно добро за да се спротистави на овој револуционерен уред.
Новиот iPad (Apple го нарекува само iPad, a не iPad 3) повторно ги поместува стандардите. Уредот кој ќе се продава од 16 март и ќе чини од 500 долари за верзија од 16 GB до 800 долари за 32 GB и поддршка за 4G, доаѓа со Retina дисплеј со висока резолуција од 2048 x 1536 пиксели.
[youtube]RQieoqCLWDo[/youtube]
„Веруваме дека iPаd е предводникот на пост-PC светот. Продадовме 15,5 милиони iPad-и само во последниот квартал… повеќе од четвртиот квартал од било кој друг производител на PC-ја. Веруваме дека ова е показател на потенцијалот на овој продукт.“, вели директорот на Apple, Тим Кук.
Новиот iPad има и нова iSight камера, која е истата камера вградена во iPhone 4S и која е со 8 мегапиксели, автоматски фокус, автоматска експозиција, и можност за снимање на 1080p видео. Уредот има и микрофон но, интересно, не се работи за гласовниот асистент Siri, туку за гласовно диктирање на неколку јазика: француски, англиски, германски, јапонски.
Батеријата останува стандардна, може да издржи до 10 часа користење. iPad 3 е 9,4 милиметри тенок и тежи 0,6 килограми.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.