Новитет на iPad Air 2 е Touch ID читачот на отпечатоци од прсти, иако интересна новина е што Apple повторно успеа да ја намали дебелината на iPad Air, кој овој пат е повеќе од милиметар потенок од претходникот, или 6,1 милиметри.
iPad Air 2 доаѓа со А8X 64-битен процесор креиран специјално за таблет компјутерот. Втората генерација доаѓа со 3 милијарди тразистори, и според најавата дури 40 отсто побрз процесор. Подобрен е и графичкиот процесор кој според Apple сега е дури 2,5 пати побрз. iPad Air 2 доаѓа и со нов М8 процесор кој ги следи движењата, ги калибрира сензорите и како и кај iPhone 6 за прв пат доаѓа со барометар. Батеријата на iPad Air 2 може да издржи 10 часа помеѓу полнењата. „LCD, заштитното стакло и тач сензорот се оптички „слепени“ и помеѓу нив нема простор за воздух. Ова овозможува да се намали рефлексијата, а со додатокот на анти рефлексивен слој рефлексијата е намалена за 58 отсто“, вели потпретседателот на Apple, Фил Шилер. Камерата на таблетот е значително подобрена на 8МР, и може да снима 1080р видео, забавено видео, да фотографира, но најимпресионирани од камерата ќе бидете кога ќе ги испробате апликациите како Prismo или HomeStyler, чие функционирање зависи токму од камерата.
[youtube]BCqJGoCMlVc[/youtube]
iPad Air 2 доаѓа следната недела во три бои: златна, сребрена и сива. Основниот модел доаѓа со 16GB слободен простор и WiFi, а чини 500 долари. Верзиите со 64GB и 128GB слободен простор чинат 600 и 700 долари. Постои и LTE верзија на таблет компјутерите која ја подига цената на секој од моделите за 130 долари, вели Verge.







