Microsoft: Новиот TypeScript е подобар програмски јазик за поголеми апликации од JavaScript

во Софтвер

Microsoft го претстави TypeScript, нов програмски јазик базиран на JavaScript. Изворниот код е лиценциран под Apache 2.0, а заедно со упатства, разни туторијали и примери може да го предземете од Codeplex.

TypeScript има иста синтакса како JavaScript, но додава видови (types), класи, модули за JavaScript и „статичко внесување на текст“ кое би требало да го олесни креирањето на големи апликации. Замислата зад TypeScript е да дозволува развивање на поголеми апликации, кои ќе се отвораат на било кој прелистувач и на било кој оперативен систем. TypeScript ќе се компајлира во стандарден JavaScript.

Проминентниот програмер Андерс Хејлсберг од Microsоft вели дека TypeScript ќе биде компатибилен со новата верзија на JavaScript. Со TypeScript ќе се надминат ограничувањата на JavaScript чија првична намена не е во него да се изработуваат „големи“ апликации. Според г.Хејлсберг, JavaScript иако е популарен сепак има ограничувања околу креирање на поголеми апликации кои се потребни во сегашниов развој на Интернетот со HTML5.

На прашањето на Tech Crunch дали Microsoft ќе го фаворизира TypeScript во Internet Explorer, одговорот беше не. Основната причина е што најголем дел од девелоперите ќе го користат TypeScript онлајн. Microsoft вели дека не постои начин како TypeScript да работи побрзо на Internet Explorer, oтколку на другите прелистувачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments