Во исчекување на нов iPhone и iOS 7, еве дел од шпекулациите

Новиот оперативен систем од Apple iOS 7 ќе доцни, Apple ќе го претстави новиот iPad во април, а потоа ќе издаде iWatch, Flat Panel TV и нова „Cards“ апликација во април. Ова се само дел од шпекулациите кои се поврзани со Apple, а за кои разговараат голем број на уредници и новинари од респектабилни медиуми.

iPhone

Иако речиси е извесно дека новиот iPhone 5S нема да го видиме пред летото, сепак тоа не ги спречува шпекулациите кои се пред се плод на желбата за покорисни функционалности. Новиот iPhone можеби ќе доаѓа и со нова заштита од кражба – биометриски скенер. Останува нејасно дали скенерот ќе биде за заштита на телефонот или финансиските трансакции, но шпекулациите се пред се поради аквизицијата на AuthenTec и начинот на кои Apple планира да ја интегрира оваа компанија. Покрај ова новиот iPhone би можел да доаѓа со филтер за поларизација кој значително ќе го намали аголот од кој може да се гледа екранот со што би се зголемила приватноста на корисниците. Речиси сите се согласни дека јуни е неверојатен термин за новиот телефон, а најверојатно најбрзо и веројатен датум за презентација би бил некаде во август.

iPad

Ако нов iPhone изгледа неверојатно, доколку е готов нов 9,7-инчен iPad би можеле да видиме уште во април. Ова го прави тешко веројатно излегувањето на iOS 7 во скоро време со тоа пред се бидејќи новиот iPad би доаѓал со претходната верзија на оперативниот систем. Изгледот на новиот таблет би наликувал повеќе на iPad mini иако речиси извесно е дека ќе станува збор за 10-инчен таблет кој би бил презентиран можеби веќе овој месец, но најдоцна до јуни.

iOS

Иако веќе не е шпекулација дека iOS 7 доцни, па дури и компанијата потврди дека: „инженери кои работат на OS X Leopard се префрлени на iOS 7 со цел да го забрзаат проектот“ изгледа дека корисниците на iPhone и iPad имаат причина да бидат возбудени. Apple најавува дека оперативниот систем ќе биде целосно редизајниран. Иако сомневањата за целосен редизајн се основани, сепак се најавува поедноставен дизајн, а Apple на iOS 7 ќе го користи својот „супер дизајнер“ Џонатан Ајв. Освен подобар дизајн новиот оперативен систем би требало да биде пофункционален, а дел од уредниците се надеваат и на подобра „тастатура“.

OS Х

Најверојатно дека 10.9 OS X ќе излезе во октомври иако поместувањето на дел од инженерите ќе го одложи проектот. Според податоците од „traffic logs“ користењето на 10.9 е на исто ниво со неговиот претходник кога 10.8 беше објавен.

Интресен и предлогот на Федерико Бијанко кој има интересна идеја/предлог за тоа како би можел да изгледа iOS 7 која може да ја погледате на видеото.

[youtube]JdW4qNeFkBk[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments