Тоа што е интересно е што ФИНКИ како прв медиум за информирање го користи Twitter. Новиот факултет се уште нема сајт, ниту Facebook страна. Потврдено ни е дека Twitter профилите се официјални и дека сајтот и Facebook страна ќе се појават наскоро, заедно со други информации во врска со факултетот.
На Twitter сега имаат само два твита, за законското креирање на факултетот и информација дека ќе има место за 830 нови студенти. А како што може да се види го има и основното логото без текст и фонт.
Според Конкурсот за запишување на нови студенти, ФИНКИ е најголемиот технички факултет во РМ со 830 места за студенти во прва година.

Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.