Новиот Exynos процесор на Samsung со слични функционалности како процесорот на iPhone

0 коментари 1 мин. читање

Нoвиот Exynos процесор на Samsung, на следната генерација Galaxy телефони можеби ќе им донесе слични функционалности како на iPhone X.

Samsung не можеше да го дочека CES и го претстави процесорот една недела пред саемот. Exynos 9810 e базиран на втората генерација на 10 nm FinFET процес. Според перформансите, процесорот најверојатно ќе биде најголем конкурент на Snapdragon 845 и на А11 процесорот на Apple.

Exynos Series 9 – 9810 доаѓа со 8 јадра. Четри со подобри перформасни и 4 поштедливи јадра. Јадрата со подобри перформанси сега достигаат до 2.9 GHz.

Процесорот доаѓа со супер-брз LTE модем, „deep learning“- подобрено процесирање на слики. А, компанијата се надева дека процесорот ќе им овозможи напредок во неколку индустрии; од паметни телефони до автономни возила.

Со помош на процесорот може да бидат обработени 3д модели како креирање на отпечаток на ликот и негово следење во реално време. Процесорот доаѓа со одделен чип за препознавање на лик, ирис и отпечаток на прст.

Пред премногу да се израдувате,  Samsung најверојатно повторно ќе има верзии на телефоните со Snapdragon и Exynos процесори.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top