Oculus Rift и контролерот поевтини за 100 долари, Mixed Reality пристига на Xbox во 2018

Oculus ја намали цената на очилата за виртуелна реалност Rift и на контролерот за 100 долари. Сега цената на целиот систем е 600 долари, 100 долари за контролерот и 500 долари за очилата. Со ова, цената е значително пониска од главниот конкурент HTC Vive.

Ова е уште еден чекор кој ќе ја направи виртуелната реалност поблиска до корисниците. Пред неколку години само за компјутер кој е доволно моќен за виртуелна реалност беа потребни над 1.000 долари. Ова е одлична вест за корисниците кои ја чекаат виртуелната реалност на десктоп, со PlayStation VR, виртуелната реалност на конзолите е многу подостапна, барем кога финансиите се во прашање.

Дополнителна пречка на Oculus се и камерите за следење. Сетот за следење доаѓа со три камери, од кои две се вклучени, но третата се продава посебно. Oculus ја намали цената и на камерите од 80 на 60 долари.

Но, ова не единствената вест од виртуелната реалност. Microsoft на Game Development Conference го најави својот уред за проширена реалности или „mixed“ во Microsoft. Компаниајта најави дека во 2018 година ќе биде достапна проширена реалност и за Xbox и Project Scorpio.

Дополнително, во соработка со Acer компанијата го претстави Acer Windows Mixed Reality Development Edition headset, јави Next Web. Уредот треба да им помогне на девелоперите да креираат софтвер и игри за платформата. Според најавата цената на очилата ќе биде околу 300 долари.

Очилата доаѓаат со:

  • Два LCD екрани 1440  х 1440;
  • 90 Hz рефреш на екраните
  • поддршка за аудио и микрофон
  • Кабел со HDMI 2.0

За разлика од останатите уреди за виртуелна реалност, очилата на Microsoft имаат вградени сензори за следење, па се своевиден сѐ-во-еден уред. Повеќе податоци за виртуелната реалност на Microsoft компанијата најави за конференцијата Build во мај.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments