Новиот член на Комисијата за комуникации е опасност за неутралноста на интернет

во Вести

Аџит Пај е нов член на Федералната комисија за комуникација поставен од новиот претседател Доналд Трамп. Г. Пај е и поранешен член на комисијата, и досега не поддржувал интернeт неутралност.

Интернет неутралноста овозможува секој податочен пакет да биде третиран подеднакво. Интернет провајдерите сакаат да ја укинат неутралноста, тврдејќи дека го попречува напредoкот, но истовремено ова ќе им овозможи значителна заработка.

Доколку биде донесен закон кој ќе ја загрози интернет неутралноста, во иднина нема да има можност за комапнии како Netflix или Hulu. Поради недостатокот на финансии следниот Netflix, најверојатно ќе биде загушен од сообраќајот од Netflix, YouTube или Amazon. Новите стартапи дури и со конкурентна технологија никогаш нема да имаат исто поле за работа.

Најверојатно најголем притисок ќе има врз технологијата која го користи интернет за комуникација. Уредите кои се поврзани на интернет за податоци, кои доаѓаат под заедничко име „интернет на нештата“.

Новиот претседавач на Федералната комисија за комуникација г.Пај тврди дека се залага за отворен интернет. Сепак не е поддржувач на интернет неутралноста. Г. Пај не е поддржувач на идејата провајдерите да можат да блокираат сообраќај кон сервиси и апликации. Причина за паника на медиумите е во писмото во кое пишува дека ќе ја ревидира неутралноста, објаснува The Verge.

Еден од предизвиците со интернет неутралноста всушност е реален проблем за напредок. Видео содржини кои користат огромен проток може да го забават протокот на сите податоци, на пример аларми и нотификации за тревога. Очигледно приоритетизација на ваквиот сообраќај ќе биде доделена, но не смее да биде поради парите кои некоја компанија ќе му ги исплати на провајдерот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk