Новиот лаптоп на Acer, Predator 21X ќе чини неверојатни 9.000 US долари. Компанијата се обидува да го брендира Predator како гејминг лаптоп, но самата категорија не им прирасна за срце на гејмерите.
Лаптопот доаѓа со импресивен хардвер:
- 21-инчен IPS монитор со резолуција 2560 х 1080;
- седма генерација на Intel Core i7 процесор;
- две графички картички Geforce GTX 1080;
- 64 GB DDR4;
- можност за 4 х 512GB SSD.
Дополнително лаптопот доаѓа со 2TB хард-диск. Predator 21 X е поблизок до десктоп отколку до лаптоп, тастатурата е механичка и изгледот и е поблизок до она што го очекувате на десктоп. Во лаптопот е вградено следење на погледот и можност за трансформирање на нумеричкиот дел на тастатурата во тачпад, пишува Verge.
Освен цената тежината на лаптопот е дополнителен проблем, а Predator 21 Х тежи околу 8 килограми.
Компанијата претстави и 17-инчен модел на Predator. Цената на моделот е е далеку поразумна, а иако и хардверот разбирливо е послаб сè уште станува збор за лаптоп-чудовиште. За 2.600 долари корисникот купува:
- седма генерација Intel Core i7 процесор;
- Geforce GTX 1080;
- можност за 64 GB DDR4 RAM;
- овојпат мониторот е „единствено“ 17-инчен.