Qualcomm ги претстави новите процесори Snapdragon 210, кој е наменет за поевтините телефони, но со малку поголема моќ за подобри екрани и поддршка за побрзиот 4G/LTE интернет.
Snapdragon 210 е наменет за „entry“ телефоните, но со нужно прилагодување, бидејќи досегашниот процесор Snapdragon 200 немаше поддршка заа LTE. Процесорот ќе има четири-јадрена и можна двојадрена верзии на 1.1 GHz. Новитет е и поддршката за меморија на 533MHz која ќе овозможи незабележително забрзување. Процесорот доаѓа со нов Adreno 304 GPU, кој треба да биде малку побрз од претходниот 302 процесор и да им понуди подобро искуство на корисниците доколку играат некоја видеоигра. Процесорот поддржува дисплеј со резолуција 720р и 8МР камери.
Заедно со 210 е најавен и Snapdragon 208, кој е речиси истиот процесор, но без LTE, најверојатно наменет за поевтини телефоните и регионите каде LTE не е достапен.







