Речиси официјално, HTC се враќа на пазарот за таблет компјутери

во Мобилни, Хардвер

Nvidia откри дека очекува до крајот на третото тримесечие на 2014 година, на пазарот да се појави првиот уред со Tegra K1 процесор, уредот доаѓа од HTC и ќе биде првиот Nexus 9 таблет компјутер. Доколку е точно HTC Nexus 9 „Volantis“ ќе го означи враќањето на HTC на пазарот на таблет компјутери.

Најавата доаѓа случајно откако Nvidia во судски процес за нарушување на графички патент против Qualcomm и Samsung побара отстранување од Galaxy Note 4 и Galaxy S5 од продажните места во САД. Судскиот документ на Nvidia открива „HTC Nexus 9, кој се очекува во треттото тримесечие на 2014, најверојатно ќе го користи Tegra K1 процесорот“. Шпекулации за новиот таблет компјутер на HTC се појавуваат подолго време, според најавите ќе доаѓа со новата верзија на Android, Android L. Најрано HTC би можел и официјално да го најави таблет компјутерот на 8 октомври за кога е најавен медиумски настан.

Тоа што можеме да го дознаеме досега од шпекулациите е дека уредот ќе доаѓа со 8,9-инчен 2048х1440 екран; 8МР задна камера и 3МР предна камера; LTE поддршка; 2 или 5 GB RAM. За цената се шпекулира дека ќе биде од 400 до над 600 долари за подобрите верзии.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments