Broadwell едвај да е присутен на пазарот, а Intel веќе ја најави новата Skylake архитектура. Засега нема премногу детали околку перформансите на процесорот и неговата енергетската ефикасност, но тоа што е познато е дека повторно ќе станува збор за 14nm технологија. Intel не откри премногу за чипот пред се поради тоа што доколку премногу ги импресионира купувачите би можело сериозно да ја намали продажбата на Broadwell. Сепак присутните на презентацијата можеа да видат како процесорот рендерира или репродуцира 4К видео.
Skylake ќе се појави кон крајот на 2015 година, а токму за да не биде загрозена продажбата на Broadwell, најверојатно нема да дознаеме повеќе податоци наскоро. Повеќе од Intel презентацијата на IDF 2014 и презентацијата на Skylake можете да разгледате на Anandtech.
[youtube]-z2MrKx8iBs[/youtube]







