Новата паметна пумпа за инсулин ќе го подобри животот на дијабетичарите

во Свет, Хардвер

Најверојатно секој од нас познава или има член на семејството кој има дијабетес. Лицата кои боледуваат мора да внимаваат на својата исхрана, да внимаваат на шеќерот и да примаат инсулин.

За среќа, креирана е првата паметна инсулинска пумпа, а Агенцијата за храна и лекови на САД неодамна го одобри нејзиното користење. Со пумпата дијабетичарите ќе мора да внимаваат на исхраната, но MiniMed 670G од Medtronic го прави преостанатото. Автоматизираната инсулинска пумпа е наменета за дијабетичари со дијабетес тип 1.

Пумпата доаѓа со сензор кој што ја мери глукозата во крвта, и дополнителен дел преку кој се „испорачува“ инсулинот. Сензорот автоматски ја проверува глукозата на секои 5 минути и го одредува инсулинот кој ќе го испорача. Во случај на јадење на шеќери корисникот треба самиот да го внесе ова во апаратчето.

Полнењето трае околу половина недела, па потребно е полнење два пати неделно. Тестовите вклучуваа 123 учесници и траеа три месеци, и во овој период не беа забележани никакви компликации.

Medtronic е со седиште во Даблин, Ирска, и ветуваат дека уредот ќе се најде на пазарот во 2017. Засега не можат да го користат деца помлади од 14 години, но од компанијата веруваат дека ќе успеат да ја прилагодат пумпата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk