Како биткоин стигна до рекордните 20.000 и крахот последната недела

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

На сите кои ги следат состојбите со криптовалутите јасно им е дека годината можеби можеше да има и подобар крај. Bitcoin, а и сите останати криптовалути паѓаат цела недела. На почетокот на минатата недела Bitcoin достигна до рекордните 19.857 долари, пред почетокот на викендот, криптовалутата падна на 11.709 долари.

Bitcoin не е единствената криптовалута која падна последната недела. Речиси сите крипто валути паднаа минатата недела, а една од главните причини за ова е продажбата на крипто-валути на „крипто-китовите“. Крипто-кит е популарен термин за инвеститори кои имаат голем дел од вкупните биткиони. Проценките се дека пред оваа недела 40% од вкупните биткоини беа во нивна сопственост. Поведени од bitcoin, паднаа 4 од останатите криптовалути од Топ 5: Bitcoin, Ethereum, Bitcoin Cash, и Litecoin. Единствено порасна Ripple.

По вртоглавиот пад, Coinbase го суспендираше тргувањето со криптовалути.

Кус историјат на Bitcoin и fun-facts

Во 2009 година креаторот на биткоин, анонимен развивач скриен зад псевдонимот Сатоши Накамото, ја претстави биткоин мрежата. Иако е прифатен како „татко“ на биткоин, неговиот идентитет сè уште е непознат. Биткоин е децентрализирана виртуелна валута. Со дигиталниот токен може да се купуваат работи на интернет или да се замени во офлајн светот. За замена од биткоин во пари се користат банкомати за криптовалута. Криптовалутата не е поврзана со банките. Биткоин е контролиран и креиран од самите корисници преку компјутер кој извршува комплицирани математички проблеми. Секој од биткоините пуштени во употреба до денес, е уникатен број. Бројот може да се префрли од и во дигиталните новчаници на корисниците.

  • 18 август 2008, регистриран е bitcoin.org
  • 31 октомври 2008, издаден е документ Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic Cash System.
  • Цената на биткоин во овој перод беше по договор, во 2010, двајца ентузијсти се договорија за размена на пица за 10.000 биткоини. Оваа пица денес чини 120 милиони долари!
  • 6 август 2010 забележан е пропуст во протоколот, грешката овозможуваше креирање на бесконечен број биткоини.
  • Мај 2011 Electronic Frontier Foundation (EFF) започна да прифаќа донации во биткоин.
  • Јуни 2011 Wikileaks започна да прифаќа биткоин како донација.
  • Септември 2012 договорена е стандардизација на биткоин.
  • Ноември 2012, WordPress започна да прифаќа биткоини.
  • Во февруари 2013 Coinbase за првпат продаде 1 милион биткоини во еден месец, цената на криптовалутата е 22 долари.
  • Октомври 2013, Федералното истражно биро заплени 26.000 биткоини од продавницата за наркотици на скриениот интернет, Silkroad.
  • Ноември 2013, во Ванкувер, Канада поставен е првиот банкомат за биткоин.
  • Декември 2014, Microsoft започна да прифаќа биткоин при купување на видероигри за Xbox и Windows софтвер.
  • Од август 2015 над 160.000 продавници дозволуваат купување со криптовалута.
  • Март 2016, Јапонија го препозна биткон како валута.
  • Април 2016, Steam започна да продава видеоигри за Bitcoin.
  • Во септември 2016, вкупно 771 „банкомати“ за криптовалута овозможуваа размена биткоин за пари.
  • Јануари 2017, биткоин ја започна годината со цена околу 800 долари.
  • 1 Август, од Bitcoin се креираа Bitcoin и Bitcoin Cash, секој сопственик на Bitcoin доби и 1 Bitcoin Cash.
  • 17 ноември, биткоин се продава за 8.100 долари.
  • 6 декември, поради превисоката цена на провизијата, Steam престана да го користи Bitcoin.
  • 15 декември, 1 биткоин се продава за 17.900 долари.
  • 22 декември, пад на цената на криптовалутата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Најпопуларната крипто-валута биткоин повторно се приближува до највисоката вредност која ја имаше во почетокот на 2018. […]