0 коментари 1 мин. читање

Нова ТВ ги повика твитерџиите да ги предвидат бриселските преговори

Нова ТВ е еден од ретките македонски медиуми кој се впушти во директна интеракција со својата публика. И браво за тоа! Порталот во духот на новите медиуми се впушти во кампања во која ги повика твитерџиите да го предвидат исходот од политичките преговори во Брисел, кои во моментот се водат помеѓу партиите, со посредништво на Европската Комисија.

Кога се работи за политика, македонскиот Twitter е вистинско место за расправа, за што говори и статистиката дека најчесто се твита за политика. Интересот во политика може да се покаже корисен бидејќи Нова ТВ ветува дека тој што ќе го погоди исходот од преговорите ќе може да одбере тема од јавен интерес која медиумот ќе ја истражи.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top