0 коментари 1 мин. читање

Нова слика и видео од Project Titan на Apple

Таман изгледаше дека паметното возило од Apple нема да видиме никогаш, компанијата дозволи накратко да ѕирнеме во Project Titan. Информацијата дека Apple не работи на сопствено возило е точна, но изгледа дека компанијата има готов прототип.

Првата слика од технологијата на Apple, доаѓа од ко-основачот на Voyage, MacCallister Higgins. За разлика од претходниот пат кога беше забележано возилото за тестирање на Apple, овој пат сè е сместено во компактно пакување на кровот од возилото, вели TechCrunch.

Ова овозможува за разлика од останатите паметни возила, Project Titan да биде помалку интрузивен. Сè што е потребно за управување на возилото е сместено на кровот. Уредот е самостоен и во делот на кровот е сместено баш сè, од сензори до компјутер. Titan доаѓа со 6 LiDAR единци напред и назад.

Ставањето сè на едно место ќе овозможи брза модификација на возилата, без премногу да треба да се чепка во дизајнот и внатрешноста.

Неодамна се појавија информации дека Apple повеќе не работи на автономен автомобил. Изгледа дека ова е точно и дека компанијата единствено работи на технологија која ќе овозможи возилата на другите производители да бидат автономни. Секако, нема да биде никакво изненадување ако некоја верзија на iOS се користи за потребите на технологијата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top