0 коментари 2 мин. читање 18 октомври, 2017

Microsoft никогаш не пријавил дека хакери ја пробиле интерната база со пропусти

Интерна база со сите багови на софтверот на Microsoft од пред повеќе од 4 години е во раце на хакери. Компанијата досега не го пријавила нападот, иако знае за ова од 2013 година, велат поранешни вработени во интервју за Reuters.

Да биде проблемот поголем, базата содржи и безбедносни пропусти, критични и непоправени пропусти за поголем дел на софтверот на компанијата. Пропустите не се единствено за Windows, туку и за останатиот софтвер од компанијата. Microsoft тврди дека ги затвори пропустите неколку месеци по откривањето, во 2013 година. Сепак, пропустите биле злоупотребени во напад на владини и компаниски мрежи.

„Лошите момци со пристап до информациите буквално ќе имаат неограничен пристап до милиони компјутери низ целиот свет“, вели Ерик Розенбах, помошник секретар за сајбер безбедност,

Причината поради која овие податоци не се јавно објавени е увереноста на Microsoft дека пропустите кои се искористени во нападите можби потекнуваат од друго место.

За пробивањето од 2013 година е обвинета групата Morpho, која постои од 2011 година. До 2015 групата нападнала над 49 компании, вели Symantec.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top