Не сме преголеми фанови на гласини и никако не сакаме предвреме да ги потпалуваме надежите на читателите, но следнава гласина има сосема доволно конкретна основа да едноставно не можевме да ја игнорираме.
Како што можеби знаете, Sony најави дека става крај на продажба на сите видео содржини (филмови и серии) од 31 август, објаснувајќи дека со бројните стриминг услови повеќе не е исплатливо засебно да се продаваат видео содржините. Ова, меѓутоа, се чини дека поплочува пат и за уште една друга услуга која се вика PlayStation Plus Video Pass.
Логото беше поставено на веб сајтот на Sony Interactive Entertainment, но пробајте сега да го пронајдете и ќе забележите дека е отстрането. PlayStation Plus Video Pass е услуга која ќе им дозволи на сопствениците на конзолата да гледаат најразлични филмови и серии. Ова се дозна од објаснувањето на полскиот веб сајт, нешто што сега, претпоставувате, исто така е избришано.
„Нова предност достапна за ограничено време на PlayStation Plus… PS Plus Video Pass е пробен сервис активен од 22.04.21 – 22.04.22. Услугата е достапна на PS Plus корисниците.“
Денес сме 21 април. Претпоставуваме дека нè дели само еден ден од остварување на ваквата гласина, освен доколку решат да го променат и датумот.