Нова експанзија за Star Wars: The Old Republic

во гејминг

Со шест минутната бура од емоции неодамна се најави најновото проширување за ММО играта Star Wars: The Old Republic. Betrayed е трејлер од малку зборови, но трејлер достоен за епскиот Star Wars универзум и во тие шест минути успева да предизвика повеќе емоции отколку повеќето долгометражни филмови. Она што Betrayed гради е вознемирувачки почеток за она што допрва не чека во проширувањето насловено како Knights of the Eternal Throne.

„Knights of the Eternal Throne го става играчот во центарот на нивната уникатна и експлозивна битка за владеење на галаксијата“, објаснува описот за проширувањето. „Како Outlander (странец), ветеран од Големата Галактичка Војна, играчите ќе ја имаат моќта да остават нивен белег во зависност од донесените светли и темни избори. Влоговите се огромни затоа што играчите се соочуваат со најмоќните негативци во галаксијата, не исклучувајќи го царот Валкорион и царицата Вејлин во борбата да се заземе контрола врз вечниот трон!“

„Владеење со галаксијата дава додатна моќ и влијание со новиот галактички систем за команда. Сами или со пријатели, играчите можат да започнат светли или темни битки, да се соочат со нови конфронтации познати како востанија (Uprisings) и да отклучат моќни награди. Во најновото проширување, играчите ќе можат да ги прилагодуваат борбените средби со три предизвикувачки нивоа, со што се дава опција на секого да игра онака како што сака.“

swtor-kotet-subscriber-rewards_thumb

Оние кои предвреме ќе го нарачаат проширувањето, односно имаат активен претплатнички модел на 25 октомври, ќе го добијат како придружник ловецот на награди Шеј Визла. Оние, пак, кои се претплатени на 27 ноември ќе го добијат возилото Rapid Recon Walker. Во случат да сте претплатени на играта од 25 октомври до 27 ноември ќе можете да го играте проширувањето три дена пред сите останати.

Knights of the Eternal Throne излегува на 2 декември.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments