Nova Antarctica и преживување на белата празнина

во гејминг

Nova Antarctica е квалитетен наслов со впечатливи survival примеси кои маестрално ве вовлекуваат во методично и брутално патување низ најсуровите услови на Земјата во 2900 година. 

Со тоа што постојано се движите кон Јужниот Пол, принудени сте да да излегувате на крај не само со вашиот праг на издржливост туку и со низа смртоносни еколошки закани. Па така, наместо механики кои се засноваат на групна статистика, овде се справувате со паѓање на температурите под -30°C. Виулиците носат студ, но и опасни материјали кои бараат тактичко користење на теренот и засолништата. Ваквиот притисок директно влијае на брзината на движење и енергијата. Башка, наидувате и на слој на биолошка и радиоактивна опасност каде морате ем да го одржувате вашето заштитно одело ем активно да користите уреди за дезинфекција.

Привремено решение за траен проблем

Nova Antarctica посебно се издвојува од морето слични игри со системот Build on the Spot. Имено се работи за крафтинг механики кои се дизајнирани за итна реакција на проблемите. Собирате ресурси како дрво, камен и остатоци од изгубена технологија, а потоа користите високотехнолошки 3D печатач за да скенирате и рекреирате корисни алатки. Целата работа е осмислена на тој начин да бара од вас да размислувате стратешки и однапред да подготвувате предмети за итни ситуации, а не да се фокусирате на трупање ресурси и да се губите во нив. 

Nova Antarctica органски реагира на вашиот стил на играње. Тежината се менува врз основа на љубопитноста која ќе решите да ја покажете. Доколку се обидете само да претрчате низ нивоата кон целта, искуството е полесно, но поплитко. Меѓутоа, ако одлучите да истражувате, да ги барате наративните гранки и трофеи, предизвикот експоненцијално расте. Така да, на вас се остава дали да го извлечете повеќе приказна, но и поголем ризик или пак да решите да го одите полесниот пат. 

Еколошки и општествен колапс

Инаку, доколку не забележавте од самите скриншотови, вие не сте херој, не сте ни возрасен, туку играте со дете кое, патем, е и единствената надеж на човештвото. Вие, како и самото дете го немате луксузот да судите морално за уништениот свет, туку само реагирате на него. Самиот наратив открива тајни и дневници од минати експедиции, давајќи ви можност некои избори да влијаат врз крајниот исход. 

Нема никакво сомневање во амбициозноста на Nova Antarctica. Се работи за квалитетен проект кој успева да наметне на survival жанрот впечатлива емотивна тежина. Иако механиките за менаџирање на ресурси се познати, студиото се има потрудено да внесе доволно иновација со градењето во движење и невообичаената постапоколаптична атмосфера. Доколку сакате методично, атмосферско искуство со квалитетно дизајнирани системи и механики на истражување тогаш дефинитивно проверете го чедото на RexLabo и PARCO GAMES.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk