Нов Vive сет за виртуелна реалност од HTC

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Хардвер

Image courtesy of HTC / Vive

HTC на CES 2018 презентацијата jа искористи да го презентира новиот сет за виртуeлна реалност, Vive Pro VR .

Уредот доаѓа со подобра резолуција 2.880 x 1.600, што е 78% повеќе од сегашната верзија, пишува Variety. Новите очила се полесни од сегашната верзија, а доаѓаат и со интегрирани слушалки. Игрите и содржините кои се направени и функционираат на сегашниот модел на Vive ќе продолжат да работат и на новиот Vive Pro.

Дали и колку новата резолија ќе има влијание врз минималните спецификации на хардверот потребен за HTC Vive Pro е непознато.

„Единствено што HTC треба да направи е да го зголеми аголот на гледање. Одвреме на време изгледа како да гледата низ очила. Иако повисоката резолуција прави да не мислите дека гледате во пиксели“, вели Том Ворен од Verge.

Добра вест е дека наскоро ќе биде достапен и нов бежичен адаптер за уредот. Ова ќе овозможи користење без да се грижите за каблите.

Засега не е позната точната дата на излегување, ниту цената. Она што се чини сигурно е дека уредот ќе биде достапен во продажба пред крајот на 2018.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk