Нов сигурносен сервис на GMail

во Блог

Gmail По некоја случајност, иако немав намера, и вториот мој запис испадна да биде поврзан со Gmail :)
Во секој случај, неможев да испуштам и да не најавам ваков одличен додаток на Gmail кој одамна посакував да го има.

Се работи за опција која ги следи вашите сесии на Gmail, па можете да следите точно кога и од која IP адреса сте биле логирани на вашaтa Gmail сметка.

Ова е одлично за параноичните и за оние кои се сомневаат дека некој им го отвора e-mail-от, на овој начин можат да проверат и да бидат сигурни дали тоа навистина се случило ;)

Исто така, доколку го користите Gmail од различни компјутери, ова ќе ви помогне подобро да спиете во моментите кога не сте биле сигурни дали сте се одлогирале.

Сервисот воопшто не смета, и скоро и да е незабележителен. Се наоѓа на дното од вашиот Gmail и е сместен во една линија

Со клик на Details, ви се отвора прозорче на кое може да ја видите вашата моментална сесија, неколкуте последни сесии, начинот на кој е пристапено до вашиот Gmail, IP адресата и времето на пристапување.

Со овие приложени информации, лесно може да утврдите дали некој друг ви ја отворил вашата сметка. Исто така, може да го искористите копчето *Sign out all other sessions* за да ги затворите сите други отворени сесии (без разлика кај и да се отворени), освен вашата моментална сесија.

Во тек е поставувањето на оваа опција на сите Gmail сметки, ако кај вас сеуште ја нема, бидете трпеливи, би требало за неколку часа да биде достапна на сите.

Извор: Блогот на Gmail

*Последната класа на IP адресата намерно ја скрив заради сигурносни причини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments