Научници oд University of New South Wales од Австралија пронајдоа решение за клучниот проблем при креирање на супер моќни квантни компјутери – доверливоста и одржливоста на квантната состојба. Решението овозможува пресметки со доверливост над 99 отсто, а се темели на два нови типа на квантни-бити кои го развија научниците. За разлика од бинарните кој можат да бидат 1 или 0, квантните можат да бидат истовремено 1 и 0 и со тоа да извршуваат повеќе операции на исти влезни податоци истовремено. Нивото на доверливост во едниот од случаите е 99,99 отсто или една грешка на секои 10.000 квантни операции.
„За квантните компјутери да постанат реалност мора да креираме битови кои ќе имаат мал број на грешки“, вели лидерот на проектот професор Ендрју Журак. „Постојат начини за отстранивање на грешките но за ова е потребно крешките да бидат под 99 отсто“,
Решението е поставување на овие два нови видови кубити во тенок слој на супер чист силициум познат како Silicon 28. Oва овозможува елиминирање на магнетниот шум кој може да влијае на квантниот бит. Едниот кубит е креиран од фосфорен атом, а вториот е вештачки атом. Во истите тестирања со фосфорниот атом, тимот на UNSW успеа да постигне и рекорд во времетраење на една квантна состојба кој сега е 35 секунди.
„Мислиме дека во иднина овие два методи ќе се комбинираат во еден квантен компјутер кој ќе ги користи најдобрите особини на двата методи“, вели професор Андреа Морело кој работи на проектот со фосфорниот атом. Очекувањата се дека големите квантни компјутери ќе содржат илјади милиони кубити и можеби ќе интегрираат вештачки и природни атоми, вели Discovery.
[youtube]kq2QrTgCZ3U[/youtube]







