1 коментар 2 мин. читање 5 февруари, 2018

ИТ настан: FINKI Industry Learn & Talk

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во соработка со компании од ИКТ индустиријата започнува серија настани.

Целта на настаните е споделување на знаења и искуства меѓу ИКТ компаниите. Настаните ќе може да се искористат и за промоција на технологии. Засега веќе има неколку компании кои ја поддржаа иницијативна, но ФИНКИ е отворен и за понатамошна соработка со нови компании.

Првиот ваков настан насловен „Cloud Days“ веќе е закажан и ќе се одржи за околу 10 дена. Темата на првиот настан е „облакот“ и технологии поврзани со дигиталниот облак. На Cloud Days ќе се разговара и за различните видови на cloud технологии и нивната импликација во оваа индустрија.

Настанот го организираат ФИНКИ, GSG, и doXteam, со поддршка на студентскиот парламент на ФИНКИ. Наскоро се најавува уште еден DevOps настан, но засега без потврда за датата.

Cloud Days се одржува од 13 до 15 февруари. Говорници се повеќе докажани професионалци од индустријата и универзитетски професори. Регистрацијата и посетувањето на настанот се бесплатни, но бројот на места е ограничен, па посетителите треба да се пријават. За жал, бројот на отворени места е само 30, а пријавувањето е слободно за сите студенти на ФИНКИ, така да побрзајте!

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top