Kolos е американско-норвешка компанија која ќе го гради најголемиот податочен центар на светот. Како и сите останати податочни центри и рекордерот ќе биде изграден во севернииот поларен круг, јави BBC.
Центарот е во близина на градот Баланген кој и самиот е лоциран во поларниот круг. Причина за градење на центрите во поларниот круг е ладниот воздух, а дополнително, ако затреба за ладење може да се искористи и водата од фјордот.
Центарот е приватна инвестиција, но за негова реализација потребни се дополнителни средства. Дополнително, центарот е најголем според потрошувачката на електрична енергија. На почетокот центарот ќе троши 70 MW, но по сите планирани надградби неговата моќност ќе порасне на 1.000 MW.
Центарот во Багенге ќе биде најголем и по површината која ја зафаќа. По изградбата центарот ќе биде со површина од 600.000 m2. Во моментот рекордер е центарот лоциран во Лангфанг, Кина.
Една од предностите со градење на центри во Норвешка е цената на електричната енергија. Норвешка произведува најголем дел од електричната енергија со хидро-централи. Целосната потрошена енергија во податочниот центар ќе биде од обновливи извори.
„Буквално е најниска цената на електричната енергија во Европа – 100% од енергијата е од обновливи извори, а мрежата е една од најстабилните во светот“, вели Марк Робинсон од Kolos.







