Normal претстави 3Д испринтани слушалки за секое различно уво

Со мотото „eдна големина не одговара никому“, Normal го презентираше својот новиот производ – 3Д испечатени слушалки кои се уникатни за секој корисник. Normal слушалките ги креира со потсредство на апликација со која корисниците ги фотографираат своите уши, а по овие фотографии се креираат специјални слушалки кои совршено одговараат за секој нарачателот. Доколку не се точни, Normal ја прифаќа одговорноста да ги замени бесплатно.

При фотографирањето корисникот до своето уво поставува паричка која понатаму во компанијата ќе се користи за размер со која ќе определи големината на увото, а со тоа и димензиите на слушалките. Потоа со 3Д-печатење се изработува специјалниот додаток, по кој и се разликуваат слушалките. Изборот на бои е голем: црна, сива, црвена, розева, сина, зелена и жолта, а корисниците можат да ја изберат и помеѓу транспарентен или црн кабел.

Цената на готовите слушалки е 200 долари и можебе изгледа превисока, но цената на вака изработени слушалки се движи и до 2.000 долари, а не смее да се занемари и начинот на креирање на слушалките кои вообичаено се прават со креирање на калап од силикон кој се излива во увото на корисникот, што покрај неудобството значи и дека корисникот мора да ја посети локацијата каде се изработуваат слушалките.

[youtube]8tmhdOfIEqU[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk