Nordeus и Жозе Мурињо ја претставија новата верзија на Top Eleven

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Српското студио Nordeus ја најави новата верзија на играта со која го освоија фудбалскиот свет, Top Eleven. Новитет сега се нови и подобрени опции за тренинзи со која играчите имаат додатни можности за менаџирање, а со тоа и поголема контрола над тимот. Тренинзите овозможуваат неколку бенефити: индивидуален развој на фудбалерите, бонуси за нападот, одбраната, кондицијата и поседот на топка. Играчите можат да креираат сопствена комбинација на тренинзи, а може и да се отклучат нови вежби.

Соработката со екс-тренерот на Реал Мадрид и Челзи, Жозе Мурињо, продолжува, а Nordeus велат дека се посебно горди на соработката со еден од најдобрите светски тренери. „Во Top Eleven 2016 креиравме игра во игра нудејќи им подобро искуство на нашите играчи. Со новиот систем играчите применуваат посложен стратешки систем и се приближуваме до искуството на вистински фудбалски менаџер. Креирањето на фантастични игри е во срцето на она што го работиме и со возбуда ја очекуваме реакцијата на играчите, кога е во прашање најновата надградба“, вели Бранко Милутиновиќ за Netokracija.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk