0 коментари 2 мин. читање 29 април, 2014

Nokia Supermen ќе биде телефон за „селфи“ со 5 MP предна камера

Nokia Supermen е најверојатно еден од последните, ако не и последниот Windows телефон кој е изработен од Nokia и е првиот телефон кој излегува по официјалната аквизиција на Nokia од Microsoft, јави Verge.

Телефонот ќе се обиде да го валоризира моменталното „селфи“ лудило кое се повеќе го зафаќа светот со 5 МР предна камера, нешто што може да се забележи уште само кај HTC One M8, додека најголем дел од останатите телефони доаѓаат со 1 МР предна камера. Телефонот доаѓа со 4,7 инчен дисплеј и според најавата е од средната класа. Покрај шегата дека Superman ќе биде телефон за селфи, сепак постои реална можност дека Microsoft сака да испорачува поквалитетни Skype видео разговори до своите корисници. Иако засега е непознато најверојатно е дека телефонот ќе доаѓа со Windows 8.1 оперативниот систем.

Освен Superman, официјално Nokia најави уште два нови телефони пред аквизицијата, 6-инчните Moneypenny и Goldfinger кој најверојатно ќе се појават до крајот на 2014, а ќе доѓаат и со 3D Touch интерфејс.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top