1 коментар 2 мин. читање 29 април, 2014

Popcorn ќе ги донесе пиратските филмови и на Android

Пиратскиот сервис за стримање филмови Popcorn наскоро, а можеби веќе денес излегува како апликација за Android. Откако последен пат пишувавме за неа апликацијата доби и Linux (32 и 64-битна верзија), но и верзија за OS X. Освен ова корисниците веќе можат да ги гледаат и најпопуларните серии кои во претходните верзии не беа достапни; Game of Thrones, Walking Dead, House се само дел од сериите кои се достапни.

Засега според изјавата на Popcorn за TechCrunch не се под притисок од MPPA и останатите организации за заштита на авторските права. Доколку дојдат под притисок веќе имаат план што треба да направат. Гледањето на филмови преку апликацијата не е баш легално со оглед на тоа дека филмовите кои ги презентира се торенти иако со значително подобро корисничко искуство. Апликацијата ги презентира филмовите со нивните постери, доколку е достапен има и титл и најзначајно филмовите се споделени со својата најквалитетна верзија која е достапна. Како и останатите верзии на апликацијата и Android верзијата ќе биде со отворен код, а корисниците ќе можат да го разгледаат и преземат од Github.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Kiro Velkovski
Kiro Velkovski
12 years ago

Beyond XBMC одамна ги донесе…

Мени
Заедница
Изглед
To top