Nokia го објави новиот Lumia 930, еден од ретките телефони од високата класа кој работи на Windows Phone 8.1, и ќе биде еден од првите телефони кои ќе бидат достапни откако Microsoft ќе ја купи Nokia.
[youtube]x7eMY45Fw0M[/youtube]
Lumia 930 ќе биде замената на Lumia Icon за неамериканскиот пазар и практично е истиот телефон кој овојпат доаѓа со Windows Phone 8.1. За разлика од преходникот кој доаѓаше со 4.5-инчен PureMotion HD+iPS дисплеј, Lumia 930 доаѓа со поголем 5-инчен екран со резолуција 1920х1080 FHD AMOLED (441ppi). Процесорот е надграден од двојадрениот Krait на 1.5 GHz на осумјадрен Snapdragon 800 на 2.2GHz; графичкиот процесор на Lumia 930 е Adreno 330. Освен ова телефонот доаѓа со 16 или 32 GB слободен простор; 2GB RAM; 20МР камера, што е значителна надградба во однос на 8.7 на Lumia 920; Bluetooth
4.0, WiFi, NFC, GPS, GLONASS; а надградена е и батеријата која е со зголемен капацитет од 2420mAh.
4.0, WiFi, NFC, GPS, GLONASS; а надградена е и батеријата која е со зголемен капацитет од 2420mAh.
Телефонот ќе чини 600 долари, од јуни ќе биде достапен во Европа, Азија, Индија, Блискиот Исток и Латинска Америка и е во првите телефони кои ќе доаѓаат со Windows Phone 8.1 и гласовниот асистент Cortana, иако првата најава за Cortana е дека нема да биде достапна во Европа до 2015 година.
[youtube]98HaCwNtrBs[/youtube]
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







