Документите за шпионажата на NSA се достапни за сите во јавна библиотека

1 коментар 1 мин. читање

Доверливите документи кои ги достави поранешниот аналитичар, Едвард Сноуден, за најразличните стратегии со кои Американската националната агенција за безбедност (NSA) ги шпионира граѓаните на САД и светот, сега може да се најдат на едно место, подредени во една онлајн библиотека на American Civil Liberties Union.

Освен документите кои ги сподели г. Сноуден во базата ги опфаќа и сите статии на Guardian, New York Times, Washington Post и останатите медиуми кои ги објавуваат податоците. Засега базата има над 200 документи, последниот е објавен на 18 март 2014 година. Најстариот документ во базата „Процедури за набљудување на радио комуникации на осомничени интернационални трговци со наркотици“ е од 1986.

„…Сите документи објавени од тој ден досега — без разлика дали се објавени од медиумите или се владини документи — ќе бидат сместени во базата. Заедно тие ја започнаа извонредната и многу задоцнета јавна дебата за законитоста и исправноста на државното прислушување…“

Во документите се вклучени и PowerPoint презентациите кои го обелоденија Project PRISM, а според најавите секој нов документ ќе биде објавен и на Аclu.org.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top