Nokia го претстави новиот Lumia 920 со Windows Phone 8 и безжично полнење на батеријата

Lumia 920 е новиот телефон на Nokia. Работи на Windows Phone 8, има нова 8,7 мегапиксели PureView камера која, според финскиот гигант, може да прими меѓу 5 до 10 пати повеќе светлина и има 1080п HD видео поддршка. Има 4,5-инчен екран со 720p HD резолуција, работи на 1,5 GHz Snapdragon S4 процесор, 1 GB RAM, има Nokia Maps и City Lens апликација со проширена реалност, и NFC поддршка за плаќање преку мобилен.

Се на се, новиот Lumia е доста добар телефон споредено со конкурентите, иако се зависи од брендот, платформата и бројот на апликации за него. Во тој аспект заостанува во моментот зад iPhone и подобрите Android уреди, иако Nokia се надева дека Lumia 920 ќе биде уредот кој ќе ги врати пак на врвот.

Но, Lumia 920 го привлекува вниманието бидејќи е WP8 телефон, која се очекува брзо да стане конкурентна платформа, и бидејќи има безжичен полнач за батерии што е доста интересна функционалност која не е баш застапена кај попопуларлните паметни телефони.

Безжичното полнење е базирано на Qi безжичниот стандард што значи дека е компатибилно со сите Qi полначи. Lumia 920 ќе се продава со стандарден кабел за полнење на батеријата, за безжичното полнење ќе се плаќа дополнително. Сè уште нема датуми кога ќе се појави на пазарот. Првата земја каде ќе се продава е САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments