Неделава Amazon ќе го претстави наследникот на Kindle Fire, кој, според нив, е најраспространетиот Android таблет компјутер до сега. Сепак, како што забележува The Verge, Kindle е прилично далеку од другите Android уреди. Пред се, тоа е алатка која овозможува пристап до содржините на Amazon.
[youtube]4JwfRmzlIsw[/youtube]
Ако постоењето на „еко-систем“ со апликации за Android таблет компјутери е во најдобар интерес на производителите на овие уреди, дали можеби сите треба да размислат и освен хардвер да поработат и на содржини кој ќе ги нудат со таблет комјутерите, иако можеби доволна би била и поголема соработка со Google. За доброто на корисниците и платформата потребно е да се намали фрагментацијата на Android и да се понуди едно добро корисничко искутво, и тоа треба да се направи пред другите конкурентни да го искористат проблемот за своја корист.
[youtube]YMQdfGFK5XQ[/youtube]
Но, зборуваме за Microsoft кој има доволно алатки во своите раце да доминира и на овој пазар. Најпопуларниот оперативен систем Windows сега ќе биде ист за таблет комјутерите, телефоните и персоналните комјутери. Освен тоа, Microsoft помина неколку години додавајќи нови содржини на Xbox мрежата која ќе биде синхронизирана со ОС-от. А не треба да се заборават и плановите на Microsoft за стрим на игри преку оваа мрежа. Microsoft како свој партнер ја има Nokia која, иако во лоша транзиција, сепак до неодамна беше најголемиот производител на телефони. Ќе биде интересно и да се види што ќе прават „неутралните“ производители на таблет комјутери. Најголем проблем може да е и недостигот на посветеност на компаниите кои ги произведуват таблет комјутерите, кои не се целосно посветени само кон Android.
[youtube]dpzu3HM2CIo[/youtube]
Сведоци сме на интересна битка за доминација на „пост-PC“ eрата. Аpple е во одлична позиција со добри партнерства, лојална публика и квалитет, Android и Google се доминантни според распространетоста, додека Microsoft го има брендот Windows кој ги оддржува на врвот над 20 години.







