По излегувањето на Apple Maps, на момент изгледаше како мапи да прават само Google и Apple. Сепак The Atlantic потсетува дека Nokia има инвестирано над 8 милијарди долари (најголем дел од овие пари во Navteq), и токму Nokia, а не Apple, е наjголемиот конкурент на квалитетот на Google Maps.
За жал поради финансиските проблеми во кои се наоѓа финскиот гигант, постои можност да ги продадат мапите на конкурентските компании далеку под вистинската вреднаст. Анализата на Atlantic вели дека најзаинтересирани за Nokia Maps се Microsoft, Yahoo, но поради неодамнешните проблеми и Apple би можел да им стане клиент.
Google за своите мапи „инвестираше“ десетици илјади часови возење и над осум милиони километри поминати во Street View возилото. За тоа време Nokia започна соработка со UPS и FedEx, а само возачите на UPS поминуваат 5,28 милијарди километри годишно. Од соработката со UPS, Nokia месечно добива 12 милијарди податоци месечно, тврди Клиф Фокс, потпреседател во Nokia задолжен за собирање податоци за локации.
Г. Фокс објави и дека Nokia собира 400 податоци за секој сегмент (дел од патот помеѓу две раскрсници), на пример дали улицата е еднонасочна или во двете насоки, број на ленти, места каде има стеснување на патот и уште многу слични податоци.
Како Google така и Nokia имаат возила кои ги користат за мапирање на патиштата. Еден од возачите на овие возила за Nokia, Тони Ча, вели дека за мапирање на поголемите градови е потребно осум часовно возење дневно цел месец. А трасата по која вози е пресметана од алгоритам, базиран на најефикасниот начин за поминување по секоја улица од градот. Според него, најголемиот предизвик со кој се соочуваат сите компании кои имаат мапи е да се одржат ажурирани промените на сите улици.
Најверојатно во Nokia имаат доволно податоци за да бидат споредувани со Google Maps. Но барем засега не би требало да има дилеми дека борбата за најдобрата апликација од ваков тип ќе биде помеѓу Google и Nokia. Разбирливо во Nokia се надеваат дека и оваа апликација ќе помогне за купувачите да се решат за нивните телефони, па заедно со новиот оперативен систем конечно да се вратат на листата на најпродавани телефони.
kolku samo greski ima tekstot…