1 коментар 2 мин. читање 3 февруари, 2017

Ниту Reddit повеќе не ги толерира Alt-Right

Кога ќе добиете забрана на Reddit треба да ви е јасно дека сте претерале. Reddit го затвори „Alt-Right“ подфорумот, иако страната е прилично толерантна. Причината за забраната засега е непозната.

Два подфоруми „r/altright“ и „r/alternativetight“ се затворени, а заедно со нив забранет им е пристап и на двајца модератори на форумите, пишува Verge. Причината за забраната е прекршување на правилата за користење на Reddit. Дел од членовите на Alt-Right заговараат национализам, го поддржуваат Трамп и се членови на разни конзервативни здруженија.

Неофицијално, членовите на подфорумите се обидувале да го пронајдат човекот кој го удри Ричард Спенсер. Ричард Спенсер е расист, кој верува дека белата раса е подобра од останатите. „Doxxing“ или откривање на идентитетот е забрането на Reddit, па поради ова се и забраните.

„Reddit е горд што е дом на некои од најавтентичните онлајн дискусии. Се обидуваме да им посакаме добредојде на сите, да бидеме отворена платформа за сите, верувајќи им на нашите корисници дека ќе ја одржат оваа средина која овозможува искрени разговори, придржувајќи се на нашата политика за содржина.“, велат од Reddit за CBS News.

Заедно со забраната за Alt-Right, ко-основачот на Reddit, Алексис Оханиан со отворено писмо на блогот на компанијата се приклучи кон критиките за одлуката за привремена забрана за влез на имигранти од 7 држави.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top