Кои се новите милијардери? Барањето на Snap за IPO е јавно достапно.

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Најбрзо растечката друштвена мрежа Snap, наскоро ќе излезе на берза. Понудата е и официјално достапна за јавноста, а вредноста на компанијата е помеѓу 20 и 25 милијарди долари. Компанијата се надева од продажбата на акции да заработи околу 3 милијарди долари, јави Reuters.

Но, излегувањето на берза не е без ризик. Компанијата досега постојано работи со загуби. До крајот на 2016, вкупната загуба на Snap е 1.2 милијарди долари. Дополнително во ниту еден период од своето постоење компанијата не работела профитабилно.

Минатата година Snapchat се ребрендира во Snap Inc. Истовремено компанијата додаде производство на хардвер на листата на активности. Очилата Spectacles се дел од најинтересниот хардвер за 2016 година, а истовремено се и одличен додаток за Snap.

Кој најмногу ќе заработи од излегувањето на берза?

Еван Спигл кој е основач на Snap и е во сопственост на 227 милиони акции. Акциите на г. Спигл се проценети на 3.7 милијарди долари.

Image TechCrunch / TechCrunch Disrupt SF 2013

Боби Марфи, ко-основач на Snap и пријател на г. Спигл од студентските денови. Во моментов е шеф на технолошки развој на Snap. Како и Спигл има 227 милиони акции, проценети на 3.7 милијарди долари.

Инвеститорите Benchmark имаат 131.6 милиони акции, со вредност 2.1 милијарди долари. Фондот инвестираше во компанијата во 2013.

Тимоти Сен, заменик претседател на инжинерите, има 7 милиони акции со вредност од 110 милиони долари.

Инвеститорот Имран Кан поседува  2.8 милиони акции во вредност 46 милиони долари. Г. Кан е дел од компанијата и работи како главен стратег.

Мајкл Лајтон е претседател на компанијата и Директор на управниот одбор. Тој е еден од последните кои се приклучија на Snap. Во сопственост има 4 милиони акции со вредност 49.3 милиони долари.

Lightspeed Venture Partners се првите инвестициски банкари кои инвестираа во Snap уште во 2012. Имаат 86.6 милиони акции во вредност 1.4 милијарди дилари.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments