Nintendo NX ќе биде рачна конзола која ќе ја приклучувате на телевизорот

Nintendo ја претстави новата конзола Nintendo NX. Конзолата e составена од три дела, дисплеј и два контролери кои се спојуваат во една конзола, јави Eurogamer.

Контролерите се прицврстуваат од двете страни на дисплејот, но може да се користат и исклучени. Кога корисникот е во близина на телевизор, може да го приклучи системот и да игра на голем екран. Игрите за системот доаѓаат на кетриџи, но за жал поради промените нема да можат да се користат постарите верзии на игрите.

eurogamer-nintendo-nx

Процесорот кој ќе биде користен во конзолата e Tegra и доаѓа од Nvidia. Ова не е првата конзола со овој процесор, досега процесорот е искористен во конзолата Shield, неколку таблет компјутери и Pixel-C на Google.

Засега нема прeмногу податоци за игрите кои ќе бидат достапни на NX, но без сомневање ќе може да ги видиме Super Mario и Zelda. Најавата е дека конзолата ќе биде достапна во март 2017 година, но оваа вест не е потврдена од Nintendo.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments