Nielsen ќе ја мери гледаноста и на е-спорот

во гејминг

Е-спортот денес е една од најгледаните и најбрзо растечките забави. Содржината е толку гледата што дури и гигантот Nielsen е заинтересиран да ги понуди своите статистички услуги на новиот пазар. Компанијата ќе креира нов тим кој ќе биде задолжен исклучиво за мерење на гледаноста на е-спорт натпреварите.

Зошто е потребно мерење?

Она што останува непознато кај е-спортот се официјални податоци. Досега единствените податоци кои се пренесуваат се проценки. Резултатите и бројките се и премногу различни за некој сериозно да ги разгледува. Дури и за индустријата проценките се движат од 493 милиони долари, па се до 1 милијарда долари.

„За публиката, некои велат 86 отсто се мажи, други тврдат 56 отсто мажи гледачи. Никој не знае“, вели Eben Novy-Williams за Bloomberg.

Податоците од Nielsen ќе се користат за се од мерење на гледаноста, па се до проценка на спонзорствата.

Nielsen ќе помогне со значителни податоци, кои сега не се ниту усогласени. Пример, дел од анализата покажува дека финалето на League of Legends е погледано од финалето на NBA лигата. Сепак, во овие случаи се измерени различни работи и не може да се споредуваат.

Во последно време поголеми компании влегуваат како спонзори во е-спортот. Audi и Snickers се дел од компаните, а податоците се важни за огласувачите, како и за тимовите и организаторите на турнирите, пишува Mashable.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments