0 коментари 1 мин. читање

Конечно корисна технологија, 3Д принтер за палачинки

PancakeBot е апарат за кујна кој ќе им помогне на корисниците да си направат вкусен и уникатен оброк.

Принтерот е едноставен за користење, смесата за палачинки се сипува во горниот дел и се „печати“ директно на местото за готвење. Дизајнирањето на изгледот на палачинките е со софтвер и може да се креираат различни форми, иако не премногу прецизно. Дополнително, за оние кои се помалку вешти, производителот има креирано куп готови модели кои можат веднаш да се приготват.

Уредот е пренослив, и не мора да биде приклучен на компјутер. Сликите се префрлаат преку SD-картичка. Можеби токму недостатокот е SD картичка која не доаѓа со пакувањето, најмногу поради високата цена на уредот од околу 300 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top