ИТ настан: GG.mk финале на S02 пред публика во живо

0 коментари 1 мин. читање

Подкастот за игри GG.mk се реши финалето на својата втора сезона да го организира пред жива публика, на 15-ти јуни во една од кино салите на Cineplex во Сити Мол. Што може да очекуваме? Најверојатно подкастот ќе продолжи со исто темпо да рецензира игри, само што овој пат најавуваат дружење со публиката, да чујат совети и сугестии и пофалби за својата успешна сезона на која собраа над 40.000 прегледи на YouTube, и стигнаа до 150.000 прегледи на Twitch на кој одат премиерите од емисијата.

Настанот е бесплатен за сите гејминг ентузијасти, но потребна е регистрација бидејќи местата се ограничени.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед