0 коментари 2 мин. читање 29 јуни, 2017

NewMan’s Business Accelerator започна соработка со европската и француската вселенска агенција

Како што неофицијално најавија при организирањето на NASA Space App Challenge, NewMan’s започна соработка со Европската вселенска агенција и  Француската вселенска агенција.

Официјализирањето на соработката е потпишано на „Paris Air Show“. Македонскиот акцелератор ќе биде задолжен за организирање на натпреварот за вселенски технологии „Act In Space“ во САД. Според најавата, натпревари во САД треба да се одржуваат на 15 локации.

„Потрагата по квалитетни тимови ќе започне веќе од септември 2017 година. Ова ќе обезбеди да имаат доволно време да се подготват за конечно нашата земја да ја добие и првата компанија за аеро и вселенска индустрија регистрирана во Македонија, која ќе има отворени можности за соработка со клиенти од европскиот и американскиот пазар“, вели Ирена Чаушевска, директор на Newman’s Business Accelerator.

„Act In Space“ е натпревар во кој стартап тимовите креираат комерцијални решенија од посточеки патенти од Европската вселенска агенција или на некои од партнерите на натпреварот. Понатаму најдобрите решенија низ некои од инкубаторите за вселенски решенија ја доработуваат идејата до комерцијално решение.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top