1 коментар 2 мин. читање 29 јуни, 2017

Што може да се случи ако налутите програмер

Безбедносен девелопер налутен од спам пораките кои ги добил од измамници креираше скрипта која ги повикува 28 пати во секунда.

Проблемите со телефонските измамници во САД се големи, па властите во САД ги предупредија граѓаните за робо-пораките. Измамата ги напаѓа повозрасните граѓани, кои често не се сомневаат во повиците од даночнатра служба (IRS). Измамата е едноставна, во телефонскиот повик, лажните агенти им велат на граѓаните дека има проблеми со данокот и дека треба да доплатат. Овие пари секако не се на сметката на IRS, туку на сметките на измамниците.

Кога го повикаа безбедносниот експерт „ProjectMayhem“, започнаа и проблемите на измамниците. Скриптата ги повикува 28 пати во секунда и сосем ги преплавува телефонските линии, а со тоа и ја уништува целата операција на измамниците. Интересен е и одговорот на измамниците на кои на почеток им е забавно, но наскоро започнува фрустрацијата, откако сфаќаат дека програмерот нема да се откаже.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
FrozenFlame
FrozenFlame
9 years ago

..може да направи беља и после тоа да изеде ќотек за тоа

Мени
Заедница
Изглед
To top