0 коментари 2 мин. читање

New Matter има идеја како 3Д-принтањето да биде достапно за сите

Стартапот New Matter во партнерство со Frog сака да го популаризира 3Д-печатењето не само со евтин принтер, туку и со нов пристап кон моделите. За почеток MOD-t чини само 250 долари, со што е поевтин од најголем број од останатите принтери. Принтерот е достапен на Indiegogo каде е започната кампања за собирање на финансии, а промотивните модели кои чинеа 150 долари веќе се распродадени. Единствен принтер кој во моментов е блиску со цената на MOD-t е Micro. Една од причините за ниската цена е што кај овој принтер главата е фиксна и се поместува нагоре-надолу, а постољето на кое се принта е подвижно.

Со дизајнот MOD-t навестува дека можеби би бил еден од ретките принтери кои можете да ги оставите во дневната соба. Сепак клучна разлика со останатите модели е онлајн продавницата и во почеток ќе биде одржувана и организирани. „Веќе се обративме до поголем број на дизајнери кои креираат одлични производи и тоа не само за одлични дизајни на 3Д-предмети, но токму премети кои се специјално наменети да бидеат испечатени на 3Д-печатар“, вели Стив Шел за Verge. Дизајнерите ќе можат да ги продаваат своите дизајни преку New Matter, а купувачите не само што ќе можат да ги купат за себе туку ќе можат да ги испратат и кај некој пријател директно на принтерот.

Дури и ако не стане најпродаваниот принтер на пазарот уште во првиот ден MOD-t успеа да собере 244.000 долари од 375.000 колку што е предвидената сума за реализирање на проектот.

[youtube]CGfLxACv3Qs[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top