Рецензија: Neva e експлозивен коктел за сетилата

Како игра, Neva e вистинска реткост. Најновото чедо на Nomada Studios (студиото најдобро познато по критички-признаениот хит Gris), успева да понуди уште погoлема забава и да ги помести границите според кои ќе се оценуваат сите идни авантури.

Единствената убавината на сезоните

Во Neva, приказната започнува со мистериозно паѓање на бројни птици и заканувачко опколување од темна магла која носи најразлични пеколни суштества. Девојката со која играте и нејзиниот бел мистериозен волк едвај извлекуваат жива глава.Играјќи со девојката, можете (двојно) да скокате, да пролетите во воздухот, да се тркалате, како и да го повикате белото суштество кон вас. Нева, името на волкот, чија блескаво бела боја е како пркосен симбол против корупцијата, среќно ве следи, но неискуството си го прави своето и Нева тежнее кон паѓање од височини, лесно деконцентрирање, незнаење како да дојде до вас, и слично. Во такви ситуации, ќе мора малку да се навратите, да ја погалите, или пак, да свиркате или да ја повикувате од една кон друга пречка за да знае како да си го најде патот. Ова е направено на неодоливо сладок начин и успева да прикаже еден драгоцен однос помеѓу девојката и Нева, принудувајќи ве да ги засакате уште на самиот почеток.

За пофалба е колку многу приказна се раскажува без да се изговори збор. Со исклучок на привременото повикување на Нева, нема никаков пишан или аудио дијалог во играта. А, сепак, многу добро можете да ја следите моќната приказна која се одвива на вашиот екран. Лесно е да се изгубите во едноставната, но детална графика, суптилните анимации, како и релаксирачката музика и соодветните звучни ефекти.

Од самиот почеток, па сѐ до крајот, Neva остава впечаток на игра во која е вложено многу знаење и љубов. Како резултат, добивате прекрасна форма на интерактивна забава за сите возрасти, каде секој чекор ве води кон истражување на преубав свет полн со впечатливи детали. Имено, често правевме чести паузи само за да уживаме во хипнотизирачкото лулање на лисјата од гранките на џиновски дрвја, или пак да ги набљудуваме секојдневните активности на бројните животни. Ни се допаѓа и динамичното зголемување и оддалечување на камерата, пружајќи подобри можности за имерзија во преубавиот свет.

Со еднаква сила на прикажување на убавите работи, се прикажуваат и лошите: немилосрдното ширење на црната корипција и свирепите последици и креации кои произлегуваат од неа. Во близина на корумпираните области, можете да почувствувате како се менува околината. Оддекнува мајсторски изведена комбинација од мрачни, одвратни бои и заканувачки тонови. Во тие моменти, девојката вади меч и дава сѐ од себе да ги покоси моментните закани, лечејќи се во процесот.

По искусување на првите битки, добивате солидна претствава за тоа каква игра е Neva. Од една страна имате истражување на детално разработен свет, а, од друга имате предизвикувачки битки со најразлични непријатели. И во истражувањето и во битките имате паметно интегрирани загатки каде не можете само да пролетите низ едното или другото, туку потребно е одредена доза размислување, прилагодување и правилно реагирање. Битките, особено тие против босовите, не се сведуваат на класична хакендслаш акција, туку на тактичко позиционирање, тркалање, скокање и избегнување, додека динамичната музика и флуидните анимации даваат сѐ од себе да го поткачат притисокот и да го зголемат адреналинот.

Екплозивен коктел за сетилата

Поглавјата се делат на годишните сезони, давајќи време на Нева да расте, да се менува, обликува и да може да користи специјални моќи понатаму. На почетокот, вие и помагавте на неа, а подоцна Нева е таа која ќе ви помага на вас, конструирајќи динамично дуо кое, со малку среќа ќе може да ја исфрли корипцијата во светот и ќе воведе здрав баланс за сите. Би можеле уште многу работи да кажеме за Neva, но нема. Ова е игра за која не треба да читате. Ова е игра која морате вие лично веднаш да ја искусите.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Nomada Studio
  • ИздаваDevolver Digital
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 15 октомври 2024

Оценка

  • Вкупна оценка: 10
  • Приказна: 10
  • Гејмплеј: 10
  • Графика: 10
  • Звук и музика: 10

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk