Neurocam е интересен уред кој овозможува да го поставите iPhone на вашата глава и во зависност од возбудата на корисникот, да фотографираат куси GIF-клипчиња. Целата „апаратура“ навистина изгледа смешно, но идејата за фотографирање кога сте возбудени изгледа навистина интересно. Лентата која поминува преку главата на корисникот ја регистрира електричната активност на мозокот. Потоа прикачениот iPhone ја регистрира активноста и одлучува дали ќе снима. Доколку регистрираната возбуда е поголема од минамалната потребна за фотографирање, телефонот започнува да снима 5 секундно GIF-клипче.
„Користиме iPhone за анализата и снимањето на видео да може да се прават со еден уред. Ова сè уште е концепт можно е во иднина уредот да се преобрази во преносна камера“, вели компанијата за Fast Company.
Засега Neurocam е единствено концепт и функционален прототип, но доколку навистина во блиска иднина започне масовно производство на уредот, може да очекуваат уште поголем отпор од регулаторите кои се загрижени од можноста на Google Glass, да снима видео и фотографии. Можностите кои ќе ги има Neurocam секако нема да поминат незабележано.
[youtube]CDgkX-JY_wM[/youtube]







