Вообичаено кого размислуваме за електричен отпад најпрво ни паѓаат на памет компјутери, телефони или батерии, но овие уреди се само мал дел од вкупниот електричен отпад. Истражувањето на UN University покажува дека дури 60 отсто од електронскиот отпад се стари уреди од бања и перални, а најголеми загадувачи во 2014 година се микробранови печки, машини за перење облека и машини за перење садови.
Според податоците, во 2014 година се фрлени 41,8 милиони тони електричен отпад, а телефони, компјутери или принтери се само 8 отсто од ова ѓубре. Тоа што е далеку поголем проблем е што единствено 16 отсто од овој отпад бил рециклиран на соодветна локација и потоа ре-искористен, вели BBC. Најголеми електричен отпад фрлиле САД и Кина со 7,072 и 6,032 килотони. Изненадување е дека најмногу отпад по жител се фрла во Европа, на прво место е Норвешка со 28,4 килограми електронски отпад кој во просек секој Норвежанец го фрлал во 2014 година, за споредба секој жител на Африка просеќно фрла 1,7 килограми електронски отпад годишно.
Извештајот вели дека зголемувањето на електричен отпад се должи на популарноста на новите уреди, но и покусиот „животен век“ на овие уреди во споредба со постарите верзии на истите. Тоа што треба да се направи со овие уреди е да се искористат остатоците бидејќи претставуваат вистински рудници, вели Дејвид Малоун од UN University. „Во овие 41,8 милиони тони отпад има 16.000 килотони железо, 1.900 тони бакар, 300 тони злато и останати благородни метали. Комбинираната цена на овие ресурси е 52 милијарди долари“.
Според истражување на Bewmaneu, во Македонија во 2013-та година имало 18.000 тона електричен отпад, а во 2017-та ќе има 21 милион тони. Но, можеби работите ќе се подобрат со новиот Закон за управување со електронски отпад кој забранува фрлање на електроника насекаде, туку е потребна соодветно рециклирање.