Необанката Mercury ги стопираше услугите за дел од стартапите од Источна Европа

Основачите ширум Источна Европа реагираат на одлуката на стартапот за дигитално банкарство Mercury да престане да им служи на клиентите во одредени земји, вклучувајќи ги Хрватска и Украина. Овој потег предизвика загриженост кај стартапите кои се потпираа на Mercury за бројните банкарски решенија. Во ситуации на чувствителна економска состојба, стартапите се сега принудени да бараат алтернативни услуги.

Според Mercury, тие биле принудени да ја стават Украина на нивната листа на забранети земји бидејќи актуелните американски програми за санкции допринеле до „премногу сложена“ поддршка за земјата.

Иако Украина не е целосно санкционирана, неколку региони во земјата се под санкции. За да услужи што е можно повеќе украински клиенти, Mercury претходно користеше модел базиран на регион, но овој пристап со паралелно поддржување до строгите стандарди за усогласеност станува сè поголем предизвик. Компанијата вети дека повторно ќе ја разгледа политиката во иднина.

На почетокот на оваа година, Mercury се најде на насловните страници кога го привлече вниманието на федералната контрола преку еден од нејзините партнери, Choice Bank. Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) изрази загриженост за практиките на Choice Bank, истакнувајќи ги ризиците поврзани со дозволувањето странски компании да отвораат сметки. Според извештаите, FDIC упатила загрижувачки забелешки кон одлуката на банката да им дозволи на клиентите на Mercury во странство „да отворат илјадници сметки и, преку користење сомнителни методи, да докажат дека имаат присуство во САД“.

Како директна реакција на оваа контрола и како дел од мисијата за постојана посветеност и усогласеност, Mercury најави надополнување на барањата за подобност. Неодамна, портпаролот на компанијата изјави за TechCrunch дека Mercury известила одредени клиенти за неможноста да продолжат со поддршката поради несовпаѓање во дадените адреси или локациите каде што е забележана честа активност на сметката.

Спојувајќи ги регулаторните предизвици на Mercury, работната група за финансиска акција (Financial Action Task Force (FATF), анг, прев. РГФА) неодамна ја додаде Хрватска на нивната „сива листа“ на земји под посебна контрола. Оваа листа вклучува нации како Обединетите Арапски Емирати, Панама и Мали. Со ова, уште еднаш се сигнализираат неправилностите кај овие земји кога станува збор за спречувањето на перењето пари и финансирањето тероризам.

Одлуката на РГФА ја етикетира Хрватска како единствена земја-членка на ЕУ на списокот, наведувајќи ја несоодветноста во нејзините финансиски регулативи, особено во областите како што се злоупотребата на правните лица и готовинските трансакции во секторот на недвижности. Т. Раја Кумар, претседател на РГФА, сепак ја истакна посветеноста на Хрватска да изготви план со кој ќе се подобри усогласеноста и ќе се инсистира на брза имплементација на истиот.

Одликата на Mercury предизвика силни реакции кај стартап заедницата, особено кај основачите од Хрватска и Украина кои сега се соочуваат со значителни пречки во одржувањето на нивните операции.

Во објава на LinkedIn, Алберт Гајшак, извршен директор на edtech стартап CircuitMess, на хумористичен начин го препиша проблемот на регионалните стереотипи, притоа нагласувајќи ги сериозните импликации за бизнисите.

„Внимавајте основачи, Mercury штотуку почна да затвора банкарски сметки на американски компании чии основачи не се од САД (како нашата главна сметка која ја имам веќе 4 години). Дали поради нашите акценти, дали поради адидас мајците, тие конечно сфатија дека во Хрватска и другите источноевропски земји членки на ЕУ има само словенски мафијаши“, напиша Гајсак.
Алберт Гајсак, извршен директор на edtech стартап CircuitMess

Што се однесува до сегашните алтернативи, тој вели дека компанијата ги префрла своите пари на платформи како што се Brex и TransferWise. 

Сепак, на подолг временски рок целата ситуација никако не им помага на основачите: „Тоа сигурно нема да им помогне на основачите кои веќе се во предизвикувачко економско опкружување оваа година“, рече Гајсак за IT Logs.

Уште една пречка за украинските претприемачи

Артур Федоренко, основач и извршен директор на Wiseboard, се пожали на одлуката на Mercury, особено на нејзиното влијание врз украинските претприемачи. Тој ја опиша одлуката како „неочекувана и непријатна вест за сите Украинци кои се обидуваат да продолжат да работат и да ги развиваат своите бизниси и покрај лошите моментни околности“.

„Обесхрабрувачки е да се види како е Украина неправедно поставена на иста листа како и главниот агресор – Русија, но и други земји како Иран и Сирија. Друг проблем е тоа што машките украински основачи не можат да патуваат во странство за да лично ги решат таквите прашања. Како резултат, испаѓа дека Mercury им го одзема нивниот клучен ресурс“, изјави Федоренко за IT Logs.

Краткото известување е од критична важност за компаниите кои треба да престанат со нивното работење и итно да бараат алтернативи, посочува Федоренко. 

Артур Федоренко, основач и извршен директор на Wiseboard

„Во меѓувреме, многу сум благодарен што има такви бизниси како што е Brex, кои веднаш нè поддржуваат. Многу основачи што ги познавам веќе имаат закажано повици со претставници за да ги видат кои се нивните алтернативи. И покрај ова назадување, Украинците ќе останат издржливи и ќе продолжат да демонстрираат достојност како дел од глобалниот екосистем. Ќе најдеме начини да напредуваме и да придонесеме, без разлика на пречките“, вели тој.

За Ведран Циндриќ, извршен директор на платформата за набљудување и аналитика Treblle, последните неколку години беа турбулентни, особено кога станува збор за ситуации поврзани со финансиските компании и институции. За него, сè уште е свеж минатогодишниот скандал со банката од Силиконската долина (СВБ). 

„Минатата година, кога се случи целата ситуација со СВБ, сите пари ни беа токму во СВБ. Успеавме да ги извадиме финансиите и да ги префрлиме во Mercury за неколку дена. Имаа 5 милиони долари осигурани FDIC и целиот процес беше супер брз – од одобрување до имање достапни пари. Не сме имале проблеми оттогаш. Тие ги олеснуваат плаќањата, ми се допаѓа корисничкиот интерфејс, нивните физички IO кредитни картички се навистина поволни и никогаш не сме имале проблеми. Овде-и-таму ќе постават прашање-две, но тоа е тоа. Вестите за ова ги слушнавме вчера; никогаш не е лесно да се слушнат такви работи на крајот од денот“, објаснува Циндриќ.

Како што истакнува, главен проблем за Treblle е постапката поврзана со крајниот рок.

„Она што највеќе ми пречи беше поврзано со крајниот рок. Ние користиме различни услуги кои бараат претплата на кредитни картички, нешто што е од витално значење за нашиот бизнис. Ваквите промени траат подолго време, особено во текот на летото кога, како што знаете, Европа не е најбрза. Но, ниту еден од овие проблеми не е директно поврзан со Mercury. Седнавме и веќе направивме сметки за Brex и Revolu (веќе имавме една со Wise). Работиме и на вистинска банкарска сметка, но тоа ќе потрае некое време. За да се намали ризикот, особено доколку се повтори ваквото нешто, идејата е овојпат да се поделат парите на 2-3 места“, вели тој.
Ведран Циндриќ, извршен директор на Treblle

Од друга страна, причините на Mercury се исто така јасно наведени. За ваквата одлука говори фактот што Хрватска се најде на сивата листа на РГФА дури минатиот месец.

„Јас не сум експерт за банкарство и за хартии од вредност. Поради тоа, не би знаел зошто се случи ова што се случи, но многу луѓе посочија дека проблемот е тоа што Хрватска дозволува големите набавки како недвижностите да се вршат во готово. Ова е реалноста и за неа не треба да се обвинува Mercury. Можете да дојдете во Хрватска и да купите вила на море или во готово или на други начини кои не оставаат белег. Тоа е факт, особено ако тој што ја продава вилата го плати данокот. Во таквата ситуација, си го добивате благословот од владата дека во основа сте го платиле данокот за кој можете да одите“, забележува Циндриќ.

Дополнително, тука може да се научи и лекција за стартапите – дека целата премиса на стартапите е да се биде брз. Ова е само уште еден пример за тоа како треба да сте спремни за брзо прилагодување.

Ведран Циндриќ, извршен директор на Treblle

„Што се однесува до политиката, навистина не ми е гајле кој е на чело, која партија владее, кој е премиер или кој управува со Хрватската народна банка. Вакви работи не треба да се случуваат затоа што го прават работењето од Хрватска десеткратно покомплицирано. На пример, без Mercury ќе останевме заглавени во банкарството во стилот на 1990-тите со хрватските банки – барем да имавме компанија во САД со дозволен пристап до услуги како оваа. Неможноста да се направи ова значително ја комплицира понатамошна соработка. Како единственото можно и 100% безбедно решение е да се има адреса која не е само во Хрватска“, заклучува Циндриќ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk