0 коментари 1 мин. читање

Нема веќе покани за Pinterest, популарната друштвена мрежа сега е отворена за сите

Pinterest најави дека сега регистрациите се отворени за сите. До сега ви беше потребна покана за да се приклучите, но таа „затвореност“ на Pinterest беше само илузорна бидејќи секој корисник можеше да покани друг, што всушност и беше клучот за виралноста на мрежата, сепак сега ќе може секој без проблем да си отвори свој профил со имејл адреса, Facebook или Twitter профил.

Ќе биде интересно да се види реакцијата oд корисниците, т.е. колкумина ќе отворат профил на ова се популарна друштвена мрежа која постои само две години и која веќе има околу 15 милиони корисници и забележува околу 100 милиони посети месечно.

Секако, оваа вест најмногу ќе им се допадне на девојките. Природата на Pinterest се чини им одговора најмногу на женските корисници, околу 80 отсто од корисниците се жени кои споделуваат секакви фотографии од прекрасни јадења, до слатки бебиња и животни до разнобојни фустани и чевли. Секако кај машките најчесто на Pinterest ќе најдете веб дизајнери и илустратори за кои ова е уште една платформа за да си ги истакнат своите дела.

Дали ќе отворите свој Pinterest профил и што споделувате на него?

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top