Нема Pinterest за авторски заштитените Flickr слики

Пред некое време напишавме за несигурната иднина на Pinterest затоа што користи слики со заштитено авторско право без дозвола од авторот, и без ефективен начин за справување со корисници кои го прекршуваат правото.

За Pinterest, релативно млада компанија што вртоглаво расте во последно време, не е ништо чудно да има и умерена количина на прекршување на авторски права. Тие неодамна, одкако беа критикувани околу овој проблем, воведоа опција да се внесе мал код кој ќе ги оневозможи корисниците да поставуваат фотографии од интернет страната која го содржи тој код. Но, решение за корисниците кои ќе најдат начин локaлно да ја симнат фотографијата и потоа да ја постават на Pinterest сè уште не постои.

Затоа Flickr, најголемиот сервис за споделување фотографии (по Facebook) сега превзема конкретна акција против овие прекршувања на авторски права и за своите корисници воведува можност да оневозможат поставувања на Pinterest. Со ова Flickr праќа конкретна порака кон Pinterest дека сериозно го сваќа прекршувањето на авторските права на своите корисници, но никако не го решава проблемот со симнување на фотографии од Flickr и потоа поставување на содржината на Pinterest. Вториот дел од пораката е дека Flickr сериозно ќе се бори за своето конкурентно место на пазарот, посебно сега откако најавија нов дизајн.

Следниот потег останува на Pinterest, тие брзо треба да го решат овој проблем пред да се превземат поголеми правни акции против нив.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk