Од темните архиви на милиони патентни, Patently Аpple сега ни ги осветлува најновите намери на Google да го прошири спектарот на гестови што се овозможени на мобилните направи. Apple направи револуција на начинот на кој користиме мобилни направи преку допир со првиот модел на iPhone, а сега Google ги следи нивните стапките во однос на иновација со персонализирани кориснички гестови.
Се работи за патент кој објаснува дека во идните верзии на Android уредите можно е да пребаруваме со едноставно цртање на формата на буквата „G” врз текстот или сликата што сакаме да ја пребараме. Ова би ни дозволило интуитивен и брз пристап до пребарување, што е далеку подобар одколку сегашниот начин кој воглавно се состои од copy/paste на информацијата во пребарувач. Но, Google не застанува тука, тие ја оставаат отворена можноста да пребарувате преку Yahoo или Wikipedia со цртање на првата буква врз информацијата што сакаме да ја пребараме.
Овие гестови се дел од истражувањето на Google околу паметни продолжени гестови кои би требало контекстуално и ефективно да ни понудат побрз пристап и интеракција на информации меѓу апликациите. Пребарувајки преку Yahoo можеби ќе посакаме да најдеме дефиниција на некој збор што не ни е познат, со едноставно цртање на специфична предходно одредена форма, ние ќе може инстантно да го пребараме речникот кој е локална апликација или да пребараме онлајн на Wiktionary.
Со надеж дека овој патент нема да го онеспособи понатамошниот развој на слични покомплексни гестови на другите платформи како Windows или iOS, останува да почекаме и да видиме што од овој патент ќе биде имплементирано во следното Android освежување.







